Зеленски: Русија лансираше 1.000 дронови и 36 ракети за една недела

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека во рок од една недела, Русија лансирала околу 1.000 беспилотни летала, речиси 980 наведувани воздушни бомби и 36 ракети од различни видови врз Украина.

Според него, во моментов се во тек реконструктивни работи во Харков и Харковскиот регион, Одеса и Дњепропетровск по руските напади. Спасувачите работеле и во Сумискиот и Черниховскиот регион.

„Вкупно, синоќа Русите лансираа над 170 беспилотни летала над Украина, од кои најмалку половина беа „шахеди“. И во текот на целата оваа недела, Русите лансираа околу 1.000 офанзивни беспилотни летала, речиси 980 наведувани воздушни бомби и 36 ракети од различни видови против нашиот народ“, нагласи Зеленски на Фејсбук.