Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека руската енергетска инфраструктура е легитимна цел на украинските напади, бидејќи енергетскиот сектор е извор на приход за производство на оружје.
„Не мора да избираме дали да таргетираме воена цел или енергија. Путин ја продава таа енергија, продава нафта. Значи, дали е тоа енергија или воена цел? Искрено, тоа е исто“, напиша Зеленски на платформата X.
Зеленски додаде дека Украина има две опции – да произведува оружје и да таргетира руски воени цели или да ги нападне изворите од кои се финансира руската воена машина, што е, како што изјави, енергетскиот сектор, кој затоа претставува легитимна цел.
