Зеленски со еден збор ја искоментира руската делегација која беше испратена на преговорите во Истанбул

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес пристигна во турската престолнина Анкара на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додека се очекува руските и украинските претставници да започнат мировни преговори одделно во Истанбул.

По пристигнувањето, прашан за мировните преговори, Зеленски одговори дека Украина ќе одлучува за следните чекори во преговорите по средбата со турскиот претседател, јавува Ројтерс.

Прашан за руската делегација која пристигна во Истанбул, Зеленски кажа дека таа е „декоративна“.

Украинскиот претседател ќе има средба со Ердоган, и притоа му се заблагодари за организацијата на преговорите со Русија.

Зеленски претходно рече дека очекува директна средба со рускиот претседател Владимир Путин. Исто така се огласи и претседателот на САД, Доналд Трамп кој кажа дека можно е утре да пристигне во Истанбул, и да се приклучи на преговорите. Не е познато дали на истите ќе се приклучи и Путин, но засега таа можност е исклучена.