Зеленски: Украина ќе увезува гас од Грција за своите потреби во текот на зимата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украина ќе увезува гас од Грција за да ги покрие своите потреби во текот на зимата, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Денес веќе подготвивме договор со Грција за гас за Украина, што ќе биде уште еден пат за снабдување со гас за да се обезбеди увоз за зимата“, рече Зеленски во објава на Телеграм, пренесува Ројтерс.

Тој рече дека Украина „веќе има договори за финансирање на увозот на гас“, кои ќе покријат речиси две милијарди евра за увоз на гас, со цел „да се компензираат загубите во украинското производство предизвикани од руските напади“.