Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека не знае ништо за скриени договори кои би ја принудиле Украина да ги разменува своите територии за мир. Инсистира дека Русија мора да има одговорност.
„Не знам за какви договори се разговара, за смена на наши територии. Имаме еден документ – формула за мир. Имаме само една желба – мир. Го формулиравме тоа како што ние го гледаме. Подтотвени сме за отворена дискусија со нашите колеги, така што светот ќе биде на иста страна, на страна на праведен мир со целосна обнова на територијалниот интегритет на Украина“, нагласи Зеленски.
„Во Русија веројатно размислуваат вака: ќе ги заборават тие работи и некако ќе се договориме. Ова е прашање на правда. Нема туку така да доаѓаме до никакви договори. Некој мора да одговара, а ние ги знаеме имињата на тие луѓе“, рече украинскиот претседател.
