Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека земјата има намера да нарача 27 системи за воздушна одбрана „Патриот“ од американски производители, со цел да ја зајакне одбраната на земјата од руски воздушни напади.
Во интервју за „Гардијан“, Зеленски, исто така, рече дека европските земји би можеле да му ги предадат на Киев системите „Патриот“ што ги имаат.
Тој посочи дека рускиот претседател Владимир Путин наредува „терористички напади“ врз енергетскиот систем на Украина, убивајќи цивили и оставајќи луѓе без електрична енергија и вода.
