Земјоделците бараат државата да ги заштити, трговците го продаваат за двојно поголема цена од земјоделците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Праски, кајсиии, цреши, круши, дуњи, сливи произведува Владо Јорданов од Сирково, Кавадаречко, а ги извезува во Норвешка, Чешка, Русија. Ако цената на праската по која ја продава тој е 25 до 30,  на пазар достигнува до 60, додека производната цена на кајсијата е 30 до 40 , а на пазар од 60 до  70 денари.

Со покачувањето на цената на ѓубривата, нафтата и трошоците за прозиводство тој вели дека земјоделството воопшто не е исплатливо. За потрошувачите исто така се високи цените, единствено задолволни се трговците.

„Моментално сега земјоделците најмногу губат, а најмногу добиваат трговците. Тој што го прозиведува го продава за  20, 25 до 30, а они за 30 само да го продадат. Може има и таму нешто расход, но дефинитивно најмногу корст имаат трговците“, рели Владо Јорданов, земјоделец.

30% од прозиводителите следната година ќе го напуштат вели Јорданов, бидејќи Министертевото за земјоделие не инвестора во едукација и заштита на земјоделците од трговците

„Сериозно треба државата , инспекторатат да најде стратегија како може да им пмогнат на земјоделците да имаат задоволувачка цена. Економијата во Македонија е зависна од земјоделството. Имаме сонце, иаме вода само нема кој да ги штити земјоделците“, рече ЈОрданов.

Друг проблем е што нема работници, бидејќи младото и работоспособно население се иселува во континуитет. Субвенциите кои ги добиваат не ги покриваат ни 15% од трошоците. Јорданов вели дека земјоделците се оставени на милост и немилост.