Земјоделците од Кичево се жалат за условите и субвенциите – министерот Трипуновски: Исплатите се во тек

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Низа забелешки упатија земјоделците од Кичево до министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

Причините за необработување на земјиштето, според земјоделците, се недостигот на основните услови како системот за наводнување и недоволното субвенционирање.

„Друг проблем е што луѓето кај нас не се занимаваат со земјоделство затоа што немаме услови. Треба да се направат мали брани за да се наводнува целото поле и поради тоа луѓето не го обработуваат целото земјиште во реката Белица“.

„Аплициравме како млада брачна двојка земјоделци за механизација за обработка на земјоделско земјиште, ги исполнивме сите критериуми, сè беше според повикот и конкурсот, но добивме кратко известување дека сме одбиени. Сакам да знам зошто не беше прифатена апликацијата.“

Министерот Трипуновски зборуваше и за доцнењата на исплатата на субвенциите, од кои дел за сточарите останале неисплатени уште од 2024 година.

„Во 2026 година, со донесувањето на програмата, исплаќаме субвенции од 2025 година согласно роковите што ги имаме. Во текот на оваа година има и дел од 2024 година кои можеби биле предмет на дополнителни контроли што требало да се спроведат. Од почетокот на програмата за 2026 до денес се исплатени 30 милиони евра и се подготвуваат налози за исплата и за преостанатиот дел“, вели Цветан Трипуновски.

Во цела Македонија има околу 1500 евидентирани земјоделски стопанства. Поголемиот дел од земјоделството е фокусиран на пчеларство, сточарство и земјоделски култури. За време на средбата што министерот ја имаше со жителите, имаше реакции и за банерите кои беа само на македонски јазик, додека министерот, запрашан од медиумите, изјави дека македонскиот јазик е единствениот службен јазик во државата.