Земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала, го потресе Маврово.
Потресот беше почувствуван во 18:21 часот со епицентар во близина на Ростуше, а според информациите тој е со интензитет од 3,4 степени и на длабочина од 2километри.
Ова е втор потрес почувстуван во овој дел на земјата со епицентар кај Ростуше во последните десет дена. Претходно на 20 април земјотресот беше со јачина од три степени.
Епицентарт е во подрачјето на општина Маврово и Ростуше, поради што тој се почувстуван и во општините Дебар и Центар Жупа.
