Земјотрес од 4,8 степени во западниот дел на Турција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Умерен земјотрес со јачина од 4,8 степени според европската сеизмичка скала, вечерва го погоди западниот дел на Турција.

Земјотресот бил во близина на градот Бурса, јужно од Истанбул на длабочина од 2 километри, а бил почувствуван и во најголемиот турски град.

Утрово во близина на Бурса, но поблиску до Истанбул, се случи земјотрес со јачина од 3,7 степени.