Земјотрес од 5,1 степен регистиран во близина на Крит

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во морскиот дел, југоисточно од грчкиот остров Крит, попладнево беше регистриран земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтерова скала, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот бил во морето, а засега нема информации за причинета материјална штета или повредени.