Земјотрес регистриран во Тетово и околината

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово, на околу 46 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 3.0

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.