Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
Денес на 13.08.2020 година во 16 часот и 44 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 105 km југоисточно од Скопје и потекнува од пехчевското епицентрално подрачје.
„Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.2, а беше почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, велат од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.
