Во утринските часови, земјотрес со јачина од 4,2 степени ја погоди Словенија. Епицентарот бил 79 километри од Љубљана, а се почувствувал и во главниот град на земјата.
Овој земјотрес се случил во 4:50 часот, а потоа во 5:11 уште еден со послаб интензитет.
Земјотресот бил почувствуван и во Хрватска.
