Земјотрес со јачина од 4,7 степени ја погоди Куба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 4,7 степени ја стресе западна Куба, каде се евакуираат станбени згради, соопштија тамошните власти, додавајќи дека нема жртви и не е направена материјална штета.

„Имаше забележителен земјотрес на западот на Куба … Луѓето во високи згради слегоа за заштита“, напиша кубанската цивилна одбрана на Твитер.

Земјотресот се почувствува и во делови на Хавана.

Американскиот институт за геофизика (УСГС) објави дека земјотресот бил со јачина од 4,7 степени на длабочина од десет километри со епицентар во близина на местото Канделарија, околу 70 километри западно од Хавана.

Националниот центар за сеизмологија изјави дека ова е четврти земјотрес во Куба од почетокот на годинава.