Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја погоди Италија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во 20:37 часот е регистриран земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала во Италија.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил на 13 километри од Фоџа.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 9 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.