Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја погоди Костарика

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја погоди денеска Костарика, јавува Европскиот медитерански сеизмолошки институт.

Епицентарот на земјотресот се случил на 204 километри југоисточно од главниот град Сан Хозе, односно на 16 километри од малиот град Коредор, кој има околу 7.000 жители, додава EMSC.

Земјотресот се случил на длабочина од 11 километри.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.

Земјотресот бил почувствуван и во соседна Панама, која е блиску до епицентарот.