Земјотрес со јачина од 5,1 степени е регистриран во близина на брегот на архипелагот во југозападниот дел на Тихиот Океан, Кралството Тонга, соопшти Државниот геолошки институт на Австралија.
Епицентарот се наоѓал на 90 километри западно од вториот по големина остров на архипелагот Нејафу, каде живеат повеќе од 10 илјади луѓе, на длабочина од 170 километри.
Нема извештаи за жртви или материјална штета. Не е прогласена опасност од цунами.
