Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мјанмар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Мјанмар, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 35 километри, на 92 километри јужно од градот Мандалеј, според EMSC.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.