Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди Панама

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степени по Рихтеровата скала го погоди денес јужниот дел на Панама, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, а епицентарот бил 207 километри југоисточно од Буриса, соопшти EMSC.

Засега нема информации за евентуални жртви или предизвикана материјална штета.