Земјотрес со јачина од 7,2 степени ја погоди Алјаска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силен земјотрес со јачина од 7.2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди полуостровот Алјаска, со епицентар лоциран на околу 59 километри јужно од градот Сенд Поинт и на 949 километри јужно-југозападно од Анкориџ.

Земјотресот се случил во 12:37 часот по локално време (20:37 UTC), на длабочина од 10 километри.

Алјаска често е погодена од силни земјотреси, бидејќи се наоѓа на границата меѓу Пацифичката и Северноамериканската тектонска плоча.