Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Европската сеизмичка скала ја потресе вечерва Албанија.
Земјотресот бил со епицентар на 13 километри од Тирана, на длабочина од 5 километри. Со послаб интензитет бил почувствуван во западниот дел на Македонија и во јужниот дел на Црна Гора.
Засега не се пријавени материјални штети.
