Земјотрес во БИХ со јачина од 4,2 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 4,2 степени по европската сеизмичка скала утрово во 8:49 часот ја погоди Босна и Херцеговина. Епицентарот на потресот, според Европскo-медитеранскиот сеизмолошки центар, беше северно од Зеница на длабочина од 10 километри.

Најпрво беше објавено дека земјотресот е со јачина од 4,6 степени, а потоа намален.

Нема информации за причинети штети и евентуално повредени лица.