Земјотрес во Јадранското море, почувствуван во Хрватска и во Италија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во саботата околу 9 часот и 27 минути во Јадранското Море.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот бил на 46 километри југозападно од Вела Лука на Корчула.

Земјотресот бил на длабочина од 18 километри, и почувствуван на западниот брег на Хрватска и на истокот на Италија.