Земјотрес во Македонија – епицентарот во Кичево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска е регистриран земјотрес во Македонија со епицентар во Кичево.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, на 31.1.2021 година во 11 часот и 24 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 70 км југозападно од Скопје и потекнува од кичевското епицентралното подрачје.

Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда 2.7 а беше почувствуван од населението во Кичево и околината со интензитет III – IV степени според Европската Макросеизмичка скала.