Земјотрес во Словенија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Словенија, чиј епицентар бил 58 километри западно од Загреб.

Земјотресот е регистриран на длабочина од два километри, на шест километри југоисточно од Ново Место во Словенија, информира интернет страницата ЕМС.