Земјотрес во Турција, силно се затресе во западниот дел на земјата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според Рихтеровата скала вечерва ja погоди западна Турција, во близина на градот Баликесир соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Во соопштението се вели дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри.

Засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.

Во околината на Баликесир во изминатите месеци се случија серија на земјотреси.