Земјотрес во Загреб ги вознемири жителите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителите на Загреб утрово околу 10 часот почувствувале земјотрес. ЕМСЦ јави дека земјотресот бил со јачина од 2,7 степени со епицентар на 10 километри од градот.

„Се слушна силен татнеж, а потоа се затресе“, се вели во коментарите од жителите на главниот град на Хрватска.

Сеизмолошката служба на Хрватска јави дека земјотресот се случил во 10:04 часот со јачина од 2,9 степени.