Земјотреси ноќеска и утрово во Србија, Грција и Турција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтер, ја погоди синоќа Србија, во близина наградот Ивањица, соопшти Сеизмолошкиот завод на Србија. Потресот е регистриран околу 23:02 часот, на длабочина од 1 километар.

Утрово земјотрес со јачина од 3,9 степени го погоди островот Крит, на југот на Грција. Земјотресот бил во 7 часот по локално време, на длабочина од 12 километри.

Серија на земјотреси во текот на изминатите 24 часа ја погодија и Турција, поточно во западните и во средишниот дел на оваа земја.