Европскиот/медитерански сеизмолошки центар објави дека утрово во Петриња и Сисак се регистрирани уште два нови умерени земјотреси. Со тоа бројката на земјотреси во ова подрачје во последните денови се искачи на 256, кои биле над 1 степен.
Снимка која на „Фејсбук“ објави Ален Берта, инжинер за шумарство и консултат во меѓународната компанија ЦГИ задолжена за набљудување на планетата, покажа дека се спуштило тлото во таа област.
„Во споредба со снимките на радарскиот сателит Сентинел 1 од 18.12 и 30.12, видиме дека тлото западно од Петриња се доближило до сателитот за 44 сентиметри во најизразениот дел, додека тлото на Петриња се спуштило, се оддалечило од сателитот за 10 до 30 сантиметри“, напишал Берта.
Тој наведе дека во тој појас се воочува исто така поместување од неколку сантиметри, што било погубно за многу куќи оштетени од војната и од времето.
Верта воочил дека толку поместување на тлото од ваков поголем опсег се случило и во Италија, кога имало земјотреси пред 3-4 години.
Potres Banovina
Sateliti pokazuju puni razmjer katastrofe. Uspoređujući snimke radarskog satelita Sentinel 1 od 18.12. i…Posted by Alen Berta on Thursday, December 31, 2020
