Силен земјотрес беше почувствуван во Скопје и низ делови на Македонија. Според последните информации епицентарот се наоѓал во населбата Илинден, а јачината беше 3,9 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 1 километар, и тоа е причината што се почувствувал толку силно во главниот град и околината.
Земјотресот бил забележан и преку камерата која вршела пренос на фудбалскиот натпревар меѓу Работнички и Пелистер.
Имено, во видеото објавено на социјалните мрежи, може да се забележи тресење на камерата за време на преносот, а овој момент е и посочен и од коментаторот на натпреварот.