Зголемен процентот на починати од коронавирус во Грција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За една седмица во Грција се регистрирани 47.497 случаи на Ковид-19, од кои 30 проценти се реинфекции, а починаа 150 лица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот од 12 до 18 декември 2022 година, бројот на заразени се намалил за девет проценти, но за осум отсто е зголемен бројот на смртни случаи.

На одделите за интензивна нега во грчките болници, 104 пациенти се приклучени на апарати, 16 повеќе од една седмица претходно.

Направени биле 651.534 тестови, со стапка на позитивност 7,29 отсто.

Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 5.548.487 случаи на Ковид-19, а починаа 34.779 лица.