Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Продажните цени на производителите на индустриски производи во април 2026 година се зголемиле за 0,6 проценти во споредба со претходниот месец и за 5,1 процент во однос на истиот месец минатата година, соопшти Државен завод за статистика.

Продажните цени на индустриските производители на домашниот и странскиот пазар во април 2026 година, во споредба со претходниот месец, се зголемиле во секторот Преработувачка индустрија за 0,7 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,8 проценти, додека во секторот Рударство и вадење камен се намалиле за 2,5 проценти. Во секторот Водоснабдување, отстранување на отпадни води, управување со отпад и активности за санација на животната средина, цените останале непроменети.

Во април 2026 година, во споредба со истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи се зголемиле за 14,9 проценти во секторот Рударство и вадење камен, за 4,4 проценти во Преработувачката индустрија, за 10,5 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и за 6,4 проценти во секторот Водоснабдување, отстранување на отпадни води, управување со отпад и активности за подобрување на животната средина.