Зголемениот број на заразени членови на македонската делегација го одложи и мечот со Естонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Регистрирани 190 нови случаи на Ковид 19 – починати се 6 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи...

Бројот на жртвите од земјотресот во Индонезија се искачи на 82

Индонезиските спасувачи извлекоа повеќе тела од урнатините на куќите и зградите уништени од силниот земјотрес денес, а бројот на...

Руски брод потона кај Турција: Двајца загинаа, 5 спасени морнари! (ВИДЕО)

Најмалку пет лица беа спасени, а две загинаа откако 13-член руски товарен брод потона денес покрај брегот на турската...

Хорор во Крапош: Ја заклучувал малолетната ќерка – МВР упадна во станот

На 15.01.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, по претходно добиени сознанија и со наредба од истражен...

Тешка кражба во скопски трговски центар – МВР приведе две лица

На 16.01.2021 во 14.00 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош лишиле од слобода две малолетни лица...

Македонската кошаркарска репрезентација се враќа дома, за Скопје, без да одигра ниту еден од двата предвидени натпревари во „балонот“ во Талин.

– Раководството на нашиот национален тим, и официјално од страна на официјалните лица на ФИБА присутни во Талин е известено дека во овој момент, нашата селекција не е подготвена за натпреварување.

И согласно со тоа, одложен е и вториот натпревар на Македонија на турнирот во Талин, оној кој утре вечер, од 19.30 часот, требаше да го одиграме против домаќинот на овој собир, Естонија.

Како причина, во соопштението на ФИБА, се наведува зголемениот број на заразени членови на македонската делегација во главниот град на Естонија. И согласно со протоколот за Ковид-19 на ФИБА, во наредниот период ќе биде одлучено кога ќе се одиграат одложените натпревари, соопшти КФСМ.

Многу е веројатно дека мечевите со Италија и со Естонија ќе бидат презакажани за следниот квалификациски „прозорец“ на ФИБА, во февруари, 2022 година.