Во организација на канцеларијата на ОБСЕ се одржа Тркалезната маса на тема: „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против родовото насилство врз жените и девојчињата“.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска зборуваше на тема „Улогата на институциите во борбата против семејното насилство“. Според неа, сексуалното насилство во последно време е зголемено на социјалните мрежи.
Како мисија на ОБСЕ, амбасадорот Килијан Вал рече дека соработуваат со невладините здруженија, министерството и други институции со цел да им се обезбеди поддршка за зајакнување на жените.
„Во текот на последните неколку години, во програмата имавме понуди не само за зајакнување на жените, туку и за поддршката на жените, вклучувајќи го и концептот на пол, сензитивните полициски служби и работа со лицата кои преживеале криминал. Со ова нудиме поддршка и се здружуваме со младите да промовираме „нулта толеранција“ за сите овие појави.“, вели Килиан Вал, Амбасадор на ОБСЕ.
Во делот за законската рамка и заложбите на Владата за насилството, Јована Тренчевска истакна дека ратификацијата на Истанбулската конвенција резултирала со донесување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство донесен во 2021 година. Министерката истакна дека покрај законските рамки, потребно е да се работи и со жртвите како и со сторителите на насилство.
