Жена од Мали роди девет здрави бебиња

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жена од Мали роди девет бебиња! Сите се здрави, а новата мајка се чувствува добро. Лекарите не забележале две бебиња на ултразвукот, па таа првично помислила дека ќе роди седум деца.

Халима Сисе (25) и нејзините пет девојчиња и четири момчиња се чувствуваат добро. Халими имаше успешен царски рез во Мароко.

Таа беше пренесена од северот на сиромашната западноафриканска држава Мали во Мароко за да осигури дека бебињата се родени на безбедно. Халими беше овозможено затоа што нејзината бременост го привлече вниманието на лидерите на западноафриканската држава.

Според ултразвукот направен во Мароко и Мали, Сисе ќе роди седум бебиња.

Имено, лекарите не забележале дека таа носи уште две бебиња во стомакот.

Случаи на жени кои успешно носат таква бременост се многу ретки.