Жена од Виница измамена за 12.400 евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 09.01.2026 во 15:00 часот во ОВР Виница, 67-годишна жена од Виница пријави дека била измамена од едно лице за сума од 12.400 евра.

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и кажало дека нејзината снаа имала тешка повреда на работното место и дека се потребни пари за да се направи операција.

Како што е пријавено, таа ги подигнала парите од банка и ги оставила на местото, каде што ѝ кажало лицето, но подоцна сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.