Жената со најдолги трепки го собори сопствениот рекорд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кинеската жена која го постави рекордот за најдолги трепки во 2016 година сега официјално го сруши.

Кинеската жена, 53-годишната Јајансја, стана рекордер пред пет години кога трепките на горниот очен капак на левото око ѝ беа долги 12,4 см.

Но, нејзините трепки продолжија да растат со текот на годините, а минатиот месец тимот на Гинисовите рекорди потврди дека новата најдолга ресница на светот е нејзина и дека е долга 20,5 см.

Значи, од последното мерење, нејзините трепки пораснаа за дополнителни 8,1 см.

Сите трепки и се особено долги, но најдолгата од сите е пронајдена на горниот очен капак на левото око.

Јајансја рече дека прво сфатила дека трепките и растат во 2015 година, во нејзините доцни 40-ти.