Од ЈСП Скопје информираат дека жичницата на Водно денеска нема да работи поради силен ветер.
Како што велат, јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, додаваат од таму.
