Оваа база за асасфалт е изградена во населба Иванидол – Кичево.
Оддалечена е само 60 метри од куќите, а законски ваков вид на асфалтна база треба да биде одалечена 5 километри од населено место.
Веќе 23 месеци жителите на оваа насеба, кои се околу 1600 лица, водат битка преку институциите базата да не почне со работа и да се дислоцира.
„Дојде инспектор и изврши увид на местото каде се гради и донесоа одлука дека оваа база за асфалт не може да работи доколку не добие интегрирана дозвола. А, таа дозвола се издава на крај и бараме од Министерот за екологија во соработка со директорот на Дирекцијата, Игор Никоски и директорката на Инспекторатот за животна средина Ивана, да преземат чекори за да се спречи издавањето на А интегрираната дозвола“, вели жител.
Жителите иницијативата против оваа база за асфалт ја започнале уште кога почна изградбата во 2023 година. Доставиле документи до сите наделжни институции.
По неколку месечната битка на жителите, пред неколку дена конечно нивната населба ја посетија од Државниот инспекторат за животна средина, од каде потенцирале дека пред да се издаде А интегрирана дозвола ќе има јавна дебата. Како институциите ќе делуваат понатаму, останува да се чека. Жителите велат дека доколку не се преземат потребните мерки од надлежните, ќе протестираат и битката ќе ја продолжат на суд.