Жителите на Вирџинија избираат нов гувернер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Американската држава Вирџинија денеска избира нов гувернер во многу неизвесна трка што се смета за прв голем тест за политичкиот бренд на претседателот Џо Бајден.

Трката меѓу поранешниот гувернер и демократ Тери Меколиф и републиканскиот тајкун Глен Јангкин, која ќе биде показател за конгресните избори следната година, стана крајно неизвесна во последните неколку недели.

„Во овој момент, исходот од оваа трка ќе зависи од одѕивот на гласачите“, Мекалиф им испрати е-пошта на гласачите во последен момент доцна вчера, во обид да го мобилизира гласачкото тело. „Републиканците се заинтересирани да го изберат својот човек, а сега, кога Доналд Трамп ја собира својата база на десничарски екстремисти, Глен Јангкинг сигурно ќе има добар резултат утре“, рече Мекалиф. Неговата победа ќе ги оживее напорите на демократите да ја развијат инфраструктурата и да ја зајакнат социјалната помош, кои се камен-темелник на визијата на Бајден за економска реформа од три трилиони долари. Со оглед на тоа што и двата пакета се заглавени во судири во Конгресот, умерените демократи евентуален пораз во Вирџинија веројатно ќе го сфатат како предупредување од електоратот да се ублажат историските планови за трошење на претседателот.

Поразот на Јангкин од републиканската страна може да ја разниша непоколебливата верност на партијата кон Трамп.