Жителите од Чегране чекаат спортско игралиште, наместо да почнат да градат, Гостивар и АМС со меѓусебни обвинувања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителите на Чегране се уште ја чекаат реконструкцијата на нивното спортско игралиште иако на 8 ноември претставници на општина Гостивар, заедно со АМС се договориле секој да ја врши својата работа со цел овој проект да заврши во најбрз можен рок. Сепак, се уште нема никаква иницијатива за почеток на работите. На барање на о. Гостивар се договориле до март 2020 да заврши се што е потребно и да се почне со работа. Сега двете институции се обвинуваат меѓусебно.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари вели дека тие како општина ја завршиле својата работа и дека сега останува на Агенцијата за млади и спорт.

„Ние еден стадион направивме минатата година во село Чегране, за мал фудбал, но доколку се мисли на големиот стадион, ние ја доставивме целата документација од општина Гостивар, значи дозволата и така натаму, тоа е инвестиција на Агенцијата за млади и спорт.“, рече Таравари.

Но и зм. Директорот на Агенцијата за млади и спорт вели дека причината за доцнењето на оваа инвестиција е одложувањето на подготовката на документацијата од страна на Општина Гостивар, поради, како што вели, пандемијата.

-Тоа што граѓаните на Чегране не уживаат барем во почетокот на тие градежни работи, тоа не е одговорност на Агенцијата за млади и спорт-вели Измут Нура од АМС.

ТВ21: Вие велите дека причината за доцнењето на оваа инвестиција е општина Гостивар?

-За жал, фактите и документацијата зборуваат сами за себе. Општина Гостивар ги достави до Агенцијата за млади и спорт на 2 април. Причините ги знаат тие. Легализацијата е направена на 5 февруари, а проектот беше направен од нивната канцеларија за дизајн во јануари, а барањето е направено во Општина Гостивар на 12 февруари 2020 година, а зошто во канцеларијата на градоначалникот Таравари стигнало на 31 март и зошто го потпишал на тој датум. Тоа треба да го прашате градоначалникот на Гостивар-рече Нура.

Нура ветува дека штом ситуацијата со коронавирусот ќе се нормализира, веднаш ќе биде објавен тендерот за оваа инвестиција. Тој ја повикува Општина Гостивар да не го одложува барањето за реконструкција на стадионот во Форино, кое се наоѓа во Општина Гостивар. Проектот за реконструкција на стадионот во селото Чегране, Агенцијата за млади и спорт ќе ја чини скоро 5 милиони денари, а се очекува да се реализира во период од една година.