Животот на ризик за 400 денари дневница – повеќе од 200 полицајци ќе го тужат МВР

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Повеќе од 200 припадници на МВР меѓу кои и од шеста управа подготвуваат тужби за МВР, бидејќи не им се исплатени дневниците за продолженото работно време за време на протестите против францускиот предлог информира претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев.

„Нападот на униформа и на полициски лужбеник е напад на држава. Ако е така, Независниот синдикат нема да го остави МВР ни под разно на мира, а некои од полициските службеници кои  добија  и бекатони и бетони и асфалтни парчиња и цигли и цефки во глава, што се не“, вели Гоце Делчев.

Законски на околу 500 полицајци требало да им бидат исплатени дневници од по 2.000 денари, но некои добиле 400 или се подготвуваат по толку, па полицајците не ги прифаќаат и во СВР Тетово и СВР Штип ги вратиле. Вината ја лоцираат кај раководителите на организационите единици.

„Несосодветен паричен износ за кој Независниот синдикат до Државниот трудов инспекторат поднесе барање да се преиспита се во сите сектори во МВР кои имале обврска согласно барањето на СВР Скопје да им праќаат полициски службеници“, додава Гоце Делчев.

Како за потсетување на протестите каде полициските службеници беа ангажирани имаше 50 повредени полицајци меѓу кои двајца потешко.

За ваквите обвинувања побаравме одговор од Министерството за внатрешни работи, но до овие вести не добиме.