„Животот оди понатаму“ – Ѓорчев преминува во приватниот сектор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот и член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, на социјалните мрежи информираше дека заминува во приватниот сектор.

„Решив да работам во реалниот сектор. Приватно, во своја фирма, во областа на маркетингот, советувањето, трговијата и услугите. Во Македонија секогаш има пофалби и критики. Ако имав државна работа – ќе имаше критики. Ако одиш приватно – повторно критики и неколку честитки.„Ако успееш – пак критики. Ако не успееш, тогаш критики и сеир. Животот оди понатаму“, напиша Ѓорчев во објавата на Инстаграм,

Тој не појасни дали ова значи дека тој целосно се повлекува од политиката.