Зибери: ДУИ ќе одлучи кој ќе биде прв премиер Албанец

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Насер Зибери кој беше кандидат за прв премиер Албанец во Македонија, а сега избран за омбдусман вели дека одлуката на ДУИ ќе биде кого да го номинира за премиер Албанец во последните 100 дена од оваа Влада.

За тоа одлучува Али Ахмети, додава Зибери, потенцирајќи дека политичките амбциите на Албанците не завршуваат со отворање на Универзитет на албански јазик и избор на претседател на Собрание или Министер за надворешни работи.

„Ние треба да имаме премиер Албанец и тоа не е неостварливо. Не е важно дали јас ќе бидам премиер или друг, но добра порака е за соживот во иднина да има премиер Албанец и тоа ќе биде“, рече Зибери вечерва во „Click Plus“ на ТВ21.

Зибери додава дека иако тој бил кандидат за премиер, утре може да биде некој друг, прашањето не е затворено.