Ова прв пат го кажувам, тешко ми беше да бидам кандидат за премиер, вака вечерва изјави кандидатот за прв премиер Албанец, а сега избран народен правобранител Насер Зибери во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
„Се убедувавме со денови со Али Ахмети. Бев скептичен. Но, Ахмети важи за човек со визија. Успеа да направи доста работи за Албанците. Почнав да верувам и денес верувам дека премиер Албанец ќе има. Дали јас или друг, но тоа ќе биде“, изјави Зибери во „Click Plus“ на ТВ21.
Тој додава дека ова е наша заедничка држава и така треба да ја градиме.
„Јас инсистирав Ахмети да има соодветно поставен во Владата и тоа денес е така“, додаде Зибери.
Претходно Зибери рече дека идејата за премиер Албанец не е нешто неостварливо.
„Ние треба да имаме премиер Албанец и тоа не е неостварливо. Не е важно дали јас ќе бидам премиер или друг, но добра порака е за соживот во иднина да има премиер Албанец и тоа ќе биде“, рече Зибери вечерва во „Click Plus“ на ТВ21.
Зибери вели дека политичките амбиции на Албанците не завршуваат со отворање на Униветрзитет на албански јазик, со избор на претседател на Собрание или со министер за надворешни работи.
