Зидан: Реал Мадрид ќе се бори за титулата во Ла Лига

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан пред мечот со Еибар ги сподели своите размислувања за борбата за трофејот во првенството на Шпанија.

– Ситуацијата е таква што заостануваме два бода. Понекогаш не се изразувам многу добро на шпански јазик. Секој натпревар е важен за мене, ова важи и за пријателските средби. Има многу до крајот. Шпанскиот фудбал не е доволно лесен, соочени сме со тешки ривали. Сепак, треба да се знае дека кога се носи дресот на Реал Мадрид, секој натпревар е важен. Очекувам со такви мисли да влеземе на секој меч до крајот и да се радуваме на трофејот, рече Зидан.
Мадридскиот клуб, по 27 рунда во Ла Лига, е на два бода заостанување од водечката Барселона.

Реал Мадрид утре во рамките на 28. коло ќе игра со Еибар.