Економскиот аналитичар Љупчо Зиков во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека вирусот ќе помине, но ќе остане пустошот во економијата.
„Во еден момент вирусот ќе исчезне. Дали тоа ќе биде во април или мај или во јуни, тој ќе замине. Но, пустошот што ќе остане во економијата , со таа ние ќе треба да се соочиме како и сите земји во светот повеќе години понатаму“, рече во „Click Plus“ економскиот аналитичар Љупчо Зиков.
Во дебатата учествуваат Зоран Заев, претседател на СДСМ, Љупчо Зиков, економски аналитичар и Неби Хоџа, претседател на СКСЗМ
