Златан Ибрахимовиќ и на 40 години продолжува да пружа одлични игри во дресот на Милан, кога не му пречат повредите.
Од далечната 1999 година, кога дебитираше како тинејџер на 18 години во дресот на Малме, па до денес, на 40-годишна возраст, повеќето навивачи на познатиот италијански клуб се надеваат дека самопрогласениот „фудбалски бог“ ќе се најде во стартните 11.
Кариера богата со трофеи, со 500+ голови, рекордерот на шведската репрезентација по број на голови …
И повторно, Ибрахимовиќ се уште не се гледа себеси како пензионер, барем не се уште.
Откако се врати во Милан во декември 2019 година, Ибрахимовиќ постигна 36 голови.
Сепак, во актуелната сезона проблемите со коленото се поизразени од кога било, договорот е пред истек, иако на големо се зборува дека се спрема нов, на 12 месеци.
„Секој може да има проблеми со повреди, моментално има повреда на коленото. Се надеваме дека ќе се опорави до крајот на сезоната. Што се однесува до неговата иднина, мислам дека ништо не е сменето. Сигурен сум дека ќе ја донесе најдобрата одлука, а ние ќе го поддржиме, што и да е“, изјави тренерот на „росонерите“ Стефано Пиоли.
Како што се наближува крајот на сезоната, нормално е дека повторно е започната приказната за пензионирање, а Ибрахимовиќ одговори на начин кој може да го опише „најзлатното“ можно.
Сними видео каде шутира топки, по што со жолта топка удри во камерата.
„Јас сум тој што одлучувам кога ќе застанам, исто како што решив да те погоди жолтата топка“, напиша Златан.
I decide when to stop, just like I decide that the yellow ball will hit you pic.twitter.com/481mnOGG2W
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) April 20, 2022
За неговата ситуација се огласи и легендата на Рома, Франческо Тоти.
„Ибра, сакаме да те гледаме уште долго бидејќи си одличен напаѓач кој го одбележа фудбалот пред речиси 30 години. Меѓутоа, ако сега ти треба секунда за она што порано го правеше за стотинка, мора да го слушаш телото, а твојата машинерија е исклучително тешка“, рече Тоти.
Тој рече дека тоа го знаел од лично искуство.
„Знам од сопствено искуство. Животот ви поминува додека се менувате од тренерка во костум. Мора да се подготвите за тој момент. Многу внимавав како се однесував пред камера. Вие сте интелигентни, брилијантни и имате нос за бизнис. Слушајте го телото“, е пораката на фудбалерот кој играше до својата 41 година.
Самиот Ибрахимовиќ претходно изјави дека има благ напад на паника кога размислува за пензија.
„Ќе играм што е можно подолго, се додека постигнувам резултати и телото не страда. Сакам да ја завршам кариерата без никакво жалење. Не сакам да се повлечам без претходно да направам нешто големо за Милан“, изјави Ибрахимовиќ.
Опишувајќи го својот живот во последните 25 години, проследен со тренинзи и пожртвуваност, тој вели дека сака да трае барем уште малку.
„Сфаќам дека на 40 години треба да седам дома, да запалам цигара и да чувствувам задоволство од мојата богата кариера. Вистината е дека се уште не сум подготвен да ја запалам таа цигара“, вели тој.
Сепак, фудбалскиот свет е предупреден.
Времето кога повеќе нема да го гледаме Ибрахимовиќ е многу блиску.
