Златен тост со авокадо кој чини три милиони долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најскапиот тост во светот го направил Тим Бенгел. Скулптурата е наречена „Who Wants To Live Forever”, а претставена е на Неделата на уметноста во Берлин.

Скулптурата е направена од чисто злато и вредна е три милиони американски долари. Авторот користел вистински тост од авокадо како шаблон на 27 поединечни парчиња од сендвичот – пет парчиња авокадо, пет парчиња домат, десет листа руколе, пет парчиња кромид и две пецива.

Секое парче го залил во 18-каратно злато и повторно го составил во сендвич. Вкупно скулптурата тежи 11 килограми. Кутијата во која ќе биде спакуван чини 47 илјади долари.